На првото државно првенство во дисциплините на татами KL (кик-лајт) и ринг (K1 и LK –лоу кик) кое се одржа во Скопје, во спортската сала “Работнички“ и битолски кик-бокс клуб Енерџи имаше успешен настап.
Иако првенството беше за сите возрасни категории, екипата на Александар Димовски – Димса настапи со младите категории кои одлично се претставија, а во Битола донесоа четири медали, од кои три златни и една сребрена.
Михаил Ситковски, помлад кадет во категорија +47 килограми, златен медал,
Арта Селмани, постар кадет во категорија -46 килограми, златен медал,
Ивана Кечевска, постар кадет, во категорија -60 килограми, златен медал,
Ана Марија Наумовска, постар кадет, во категорија -55 килограми, сребрен медал.
Јован Апостоловски, постар кадет, во категорија -57 го имаше “првото борбено крштевање“ и прикажа одлична борба.
Тренерот на кок-боксерите на Енерџи, Александар Димовски-Димса за настапот на неговите избраници на ова државно првенство вели:
-Задоволен сум од прикажаното на ова првенство, а пред се од тоа како се подготвувавме за него, на подолг период и пред самото натпреварување. Натпреварувачите иако се млади и немаат многу борби, добро се бореа, а од турнир на турнир се се подобри. По освоените медали задоволството кај сите, наст кои ги подготвуваме и тие кои го понесоа товарот во овој подготвителен период е големо.






