Пелистер Волеј – УСК Валандово 3:0 (25:10, 25:23, 25:14)
Во натпреварот од младинско првенство на Македонија во 1/8 финале, кој се одигра синоќа во Битола, победникот беше познат уште на самиот старт. Освен воведните 7:7 се друго беше во знакот на Пелистер Волеј.
Во вториот сет доверба добија одбојкарки од кадетската и пионерската екипа, па дури и со овај млад состав екипата на Пелистер Волеј го освои сетот.
Во третиот сет повторно се беше рутински и заверена победата со максимални 3:0.
Пелистер Волеј е во 1/4 финале, а противник ќе им биде подобриот од дуелот Бами Кор – Скопје Волел во кој фаворит е тетовската екипа, со која пак во групната фаза нашиот Пелистер Волеј имаше две победи со максимални 2:0 по сетови.
Младинската екипа полека, но сигурно, чекори кон нов фајнл-фор, каде ги чека битка за медали.

Рутинска победа на младинките во осмина-финалето, играа со пионери и кадети (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок





