Press "Enter" to skip to content

Трибина на Шеќеринска и Тевдовски: 28 милиони евра за Битола, филтри за РЕК “Битола“… (фотогалерија)

Во преполната сала на Народниот театар во Битола, се одржа трибината со наслов „Фер општество-шанса за сите“, на која зборуваа заменик на Претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за финансиии Драган Тевдовски.Министерот за финансиии Драган Тевдовски пред присутните битолчани, најави повеќе локални проекти за општина Битола,  изградбата на Пречистителна станица да заврши изградбата на уличната инфраструктура во поранешната касарна.-Кон крајот на годинава се очекува да започне изградбата на Пречистителна станица во Битола, како и проширување и реконструкција на канализационата мрежа во Битола. Станува збор за инвестиција од околу 28 милиони евра, од кои 21 милион евра ќе бидат обезбедени се грант средства од Европската унија, преку ИПА фондовите. Преку овој проект ќе се изгради нова пречистителна станица за отпадни води, која ќе биде со капацитет за околу 113.000 жители. Исто така, ќе се изградат приближно 9 километри нова канализациона мрежа, реконструкцијана 13 километри од постојаната мрежа и три нови пре-пумнпнистаници, истакна Тевдовски.Посочи и дека во тек е изградба на улици во населбите АРМ 1 и АРМ 2, или областа на поранешна касарна.-Се градат 17 улици во новите населби во Битола, и тоа во АРМ 1, се градат 11 улици и паркинг и во АРМ-2 се градат уште 6 улици. Вредноста на проектот е околу 2 милиони евра, а треба да заврши во 2019 година. На сите улици предвидена е изградба на водоводна линија, атмосферска канализација, улично осветлување и сите приклучоци до градежните парцели. Улиците овозможуваат комуникација на луѓето до индивидуалните парцели и до хотелскиот комплекс. Директни корисници од проектот се околу 15.000 жители, кои се очекуваат да живеат и да работат на локацијата, особено млади луѓе. Индиректни корисници на проектот се сите жители од општина Битола.Тевдовски и потсети дека во овие две години само во Битола во овие две години вработени отворени се околу 3.000 нови работни места.Заменик на Претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска им се обрати на граѓаните на Битола на трибината со нив „Фер општество – Шанса за сите“.Министерката Шекеринска рече дека за две недели ќе се распише тендер за набавка на филтри за РЕК “Битола“ и дека се обезбедени средства за тоа и истовремено го најави отворањето на рудникот “Живојно“ кој треба да го продолжи животниот век на РЕК Битола. Таа појасни дека веќе се почнува и постапка за енергетска транзиција односно преминување од јаглен на гас или искористување на сончевата енергија за производство на електрична енергија.-Во завршна фаза се преговорите меѓу министерствата за надворешни работи за отворање на граничниот премин „Маркова нога“ во Преспа на границата со Република Грција. Отворањето на граничниот премин ќе значи отворена врата кон ЕУ за цел регион, за жителите, малите бизниси…и затоа од ЕУ велат дека ќе обезбедат и дополнителни средства. Сакаат со дела и со средства да покажат дека политиката на добрососедство дава резултати, рече Шеќеринска.Тоа позитивно ќе се одрази за Битола и битолскиот регион, поголема меѓуопштинска соработка со соседните општини, а со ставањето во функција на железницата која до граничниот премин е во завршна фаза, ние ќе дадеме дополнителен мотор за локалниот и регионалниот развој, потврди Шекеринска.-НАТО не е само стратешки успех на Република Северна Македонија, туку претставува и брза патека за економски раст на земјата, а тоа ќе донесе бенефит, пред се, за младите. Членството во НАТО, и оваа не е претпоставка, гледано од искуството на другите земји, трикратно ги зголемува странските инвестиции, обезбедува услови за зголемување на работните места, како и раст на платите“, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Во оваа насока, министерката за одбрана Шекеринска на трибината со граѓаните во Битола го истакна новиот Закон за спречување на корупцијата, како и формирањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, којашто нема да замижува и да молчи кога ќе утврди корупција.

Покрај членството во НАТО, како што истакна министерката за одбрана Шекеринска, обезбеден е и другиот столб за земјата, односно датум за почеток на преговорите со Европската Унија.-На овој начин сите наши понатамошни политики ќе имаат повеќе смисла. Преговорите за членството во НАТО и во ЕУ беа голема сенка за земјата и откако ја отстранивме таа сенка сега можеме уште повеќе да се посветиме на работата дома. Свесни сме дека нѐ чека уште потешка работа. Но ако за една година успеавме да го постигнеме сето ова, јас верувам дека тоа ќе биде мотивација да продолжиме со засилено темпо“, додаде министерката Шекеринска.

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Шекеринска посочи само дел од политиките на Владата на Северна Македонија кои придонеле да се вратат парите кај граѓаните се укинување на радиодифузна такса, како и враќање на евтината дневна тарифа за струја. Само преку овие две мерки, како што заклучи министерката Шекеринска кај граѓаните се вратени 27 милиони евра.