Претставувајќи ја нашата Македонија, нашата Битола и “Pound for Pound team“ се враќа со 11 медали од Србија, Вршац во конкуренција на школи од Србија, Романија, Босна и ние од Македонија во Бразилска Џиуџицу.
-Остваривме одличен успех со 4 злата, 5 сребрени и 2 бронзени медали и нашите такмичари демонстрираа борбеност, добри техники и завршници. Имајќи предвид дека во финале се сретнуваа наши исти такмичари, во една категорија наш 13 годишен член мораше поради немање конкуренција да се бори со 23 годишен борец што даде феноменална борба и изгуби тесно на поени (за нас е шампион), во плави -70 ни дадоја борец кој најмалку имаше 80 кг., велат од Ninjutsu klub”Bitola” и додаваат:
-Статистички требаше да имаме повеќе прваци но што е тука е. Докажавме кои сме, што можеме и знаеме и за нас тоа не претставува проблем. Никогаш не сме љубители на пирови победи. Вистинскиот Воин сака добри борби со силни борци.

“Pound for Pound team“ се враќа со 11 медали од Вршац, Србија (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок





