Press "Enter" to skip to content

Пелистерски велеслалом на патеката “Копанки“ в сабота

Скијачкиот клуб Пелистер и оваа година ќе ја продолжи традицијата и ќе го организира традиционалното скијачко натпреварување, Пелистерски велеслалом.

Пелистерскиот велеслалом ќе се одржи на скијачката патека Копанки, в сабота, на 2 март, со почеток во 10 часот.

На овој алпски куп ќе можат да се натпреваруваат деца од 6 до 16 години, а пријавувањето е до 1 март на е-маил scpelister@t.mk. Стартарината е 300 денари.

Пелистеркиот велесламом е помогнат од Агенцијата за спорт и млади, а ќе се вози по FIS стандарди, а FIS лиценца има ски-патеката “Копанки“, која скијачкиот клуб Пелистер ја доби минатата година.

More from СпортMore posts in Спорт »