Кога беше во прашање која екипа ќе биде најдобрата екипа во младинска конкуренција немаше дилеми дека тоа ќе биде екипата на Пелистер Волеј која е доминантна на сите терено каде настапува, а од ден на дел салата на Медицинското училиште има повеќе публика.За наградата Роберт Митковски тренер во Пелистер Волеј рече:
-Им благодарам на Сојузот на спортови што го потврди тоа што го работиме, а за што сме убедени дека е добро. Честитките кои ги добивме на изборот и радоста на одбојкарките доволно зборува за тоа колку се израдувавме.Второ пласирана младинска екипа е ДГС Партизан, а трето пласирана екипата на фудбалската школа ЛГ.
Наградени беа и голем број на надежни спортисти.
-Јована Николовска, фудбал
-Никола Стојковски, џудо
-Филип Димовски – аикидо
-Ана Марија Наумовска – кик бокс
-Евгени Јосковски – кик бокс
-Симар Исмаиловски – бокс
-Кристина Ставревска – кошарка
-Даниел Гравевски – пинг понг-Ева Милевска – скијање
-Ѓорѓија Талевски – стрелаштво
-Христијан Јовановски – фудбал
-Борјан Обедниковски – кошарка
-Маја Милошеска – кошарка
-Бојан Илиевски – фудбал
-Кристијан Стојани – маратон
-Стојаче Дамчевски – гимнастика
-Михаил Петровски – пливање
-Ангела Јанкуловска – ракомет
-Јована Павловска – фудбал
-Матеја Марковска – одбојка
-Филип Бошевски – кунг фу-Михаил Русевски – карате
-Драгана Милосавлевиќ – ракомет
-Надалина Талевска – карате