Press "Enter" to skip to content

Заводот и музеј се доближа до посетителите со QR кодови за паметни телефони (Е-музеј)

Со мал грант од Балканска музејска мрежа, во Заводот и музеј Битола поставен е е еден од најновите трендови кај музеите е имплементацијата на QR кодови, односно е поставена е основата за ваков начин на презентација на културното наследство, имајќи го во предвид фактот дека постојаната веб страна на НУЗМБ е со модерен „прилагодлив“ дизајн, погодна за разгледување и на мобилни уреди.

Во споредба со BAR кодот, QR кодот може да пренесе повеќе информации меѓу кои и линк до веб страна. На овој начин се отвара можност за поврзување на музејската поставка со интернет просторот и нејзино збогатување.За потребите на овој проект избрани се 14 репрезентативни предмети од музејската поставка, за кои се изработени описни текстови (на македонски и англиски), аудио нарации и видеа на знаковен јазик. Покрај секој од предметите, поставен е QR код, кој кога се скенира, го води посетителот до соодветната веб локација. Целата музејска поставка е покриена со WiFi сигнал и бесплатен интернет, што исто така беше овозможено во рамките на овој проект.

Предност на ваквиот пристап е што посетителите ги користат сопствените паметни телефони и таблети, преку кои можат да ги разгледуваат, коментираат и споделуваат соодветните предмети. На овој начин се добива и подостапна музејска поставка, што беше и главната цел на овој проект, т.е. музејската поставка се прави поблиска за лицата со попреченост.

Додавањето на аудио нарација, овозможува паметниот телефон на посетителот да се користи како и еден вид на водич, а воедно со мало прилагодување, аудио нарациите се употребени и за тактилните слики за соодветните предмети наменети за слепи и слабовиди лица.Во реализацијата на проектот учествуваа::

  • д-р Ирена Ружин  – менаџер
  • м-р Јове Парговски – изработка на платформа и имплементација
  • м-р Катерина Шарковска – интерпретација на знаковен јазик
  • м-р Тесалија Жирова- тифлолог
  • Силвана Петрова Насух – наратор на македонски и англиски
  • Гимел студио – Михаил Марковски
  • Текстови : Владо Ѓорески, Ефросинија Паревска, Јасмина Гулевска, Енгин Насух, Викторија Момева Алтипермаковска, Мери Стојанова, Наде Ѓоргиева, Наде Геневска Брачиќ, Ристо Палигора
  • Консултанти : Жељка Сушич, Татјана Мијатович, Милена Милошевич Мицич
  • Логистика: Илија Иванов, Крсте Кочов, Сашо Ружин.
More from БитолаMore posts in Битола »