Press "Enter" to skip to content

Стартува суперлигашката пролет, Пелистер со победа во Радовиш

Денес започна пролетниот дел од Супер лигата во која остануваат уште две кола, пред да започне главната битка во плеј-офот. На првата пролетна средба екипата на Радовиш го дочека Пелистер на свој терен и загуби со убедливи 27:36.

“Пелистерци“ уште на самиот старт на натпреварот покажа дека се надмоќни и ја имаа контролата на натпреварот во текот на сите 60 минути, а овој натпревар беше само еден силен тренинг.

Милан Поповиќ со 12 гола беше најдобар стелец на натпреварот, а дебитантот Гуглета постигна еден гол. Васко Димитровски пет пати ја погоди мрежата на Радовиш, а кај домаќините Илиев со 13 постигнати погодоци.