Екипата на Еурофарм Работник во рамките на четврто коло во ЕХФ Купот, вечерва од 19 часот во Битола го пречекува Нексе, од Хрватска, а екипата за прв пат во Битола ќе ја води новиот тренер Стевче Алушевски.
Екипата на Нексе од Хрватска, според тоа што досега од три натпревари има три победи е фаворит, но тренерот Стевче Алушевски, на прес конференција најави и можен позитивен резулта, како што рече од направените анализи тоа е можно, ако се одигра според договорот.
Еурофарм има проблеми со повредите на Чурлевски, Пецаковски и Петровски кој нема да бидат во тимот, а малата повреда на Остроушко е санирана и ќе биде на тереност во салата “Боро Чурлевски“.
Влезниците по цена од 150 денари се во продажба, а од средбата, Еурофарм Работник – Нексе ќе има директен пренос на Спортклуб 2.






