Вториот дел со два гола на Еурофарм и резултат +4 (16:12), а потоа со публиката ракометарите се радуваа о на +6 (18:13). На средина на вториот дел беше +7 (23:16), по што следуваше мала криза кај Еурофарм, а во последните десет минути се влезе 24:21. +7 (23-16), на 15 минути од крајот на мечот. Следуваше луда завршница во која за неполна минута гостите се вратија во игра и дојдоа и до напад за реми, на крајот домашните, сепак, победија со 29:28.
Стевче Алушовски, на пресот по завршувањето на натпреварот рече:
-Знаевме дека Нексе ќе сака победа, но ние одигравме меч како што се договоривме и среќни сме на првите бодови. Тие играат одлично “седум на шест“ и гиимаат веројатно најдобрите кружни напаѓачи во светот. Цела недела напорно работевме за овие 60 минути, во кои имавме и добри и лоши моменти, но добро е што на крај ја остваривме целта и запишавме значајна победа.
Филип Кузмановски по победата рече:
-Најпрво сакам да ѝ се заблагодарам на публиката, битолчани беа нашиот осми играч. Нексе е одличен тим, но нашата добра анализа вроди со плод и знаевме како треба да одговориме на сите нивни налети. Со новиот тренер екипата доби многу, и затоа сите ракометари вечерва оставивме срце на терен за историска победа.







