Младите “ученици“ на фудбалската школа на Пелистер родени 2007 година го освоија престижниот “Пандев куп“ кој се одигра во Струмица. На него настапија покрај Пелистер, нивните врсници од домаќинот Пандев Академија, Работнички, Национал – Софија, Чермо море – Варна, NewStars, ЦСКА – Софија.
Младите на Пелистер беа предводени од тренерот Драганчо Димитровски, во финалето ја победија екипата на Работнички по изведувањето на пенали. Пелистер во полуфиналето ја победи екипата на најдобрата бугарска школа Национал.
Младите на Пелистер освоија и поединечни признанија, така за најдобар голман е прогласен Александар Балев, а за најдобар играч Дарко Димитровски.
Екипата на Пелистер беше во состав Александар Балев, Дарко Димитровски, Виктор Делов, Леонид Стојановски, Горјан Груевски, Кристијан Јовановски, Лука Лисолајски, Љупчо Стојановски, Давид Филиповски, Меритон Шабановски, Давид Андреевски, Филип Јанковски, Блаже Карапетров, Александар Ѓоргиевски, Мартин Ѓоргиевски и Иван Иванов.

Младите “пелистерци“ родени 2007 го освоија “Пандев куп“ (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)





