Press "Enter" to skip to content

Пелистерски велеслалом со натпреварувачки карактер по десетина години

-Годинашниот Пелистерски велесламом го организира ски-клубот Пелистер, на него настапија 64 натпреварувачи, а битолчани имаа успех во младите категории.

-Веднаш потоа ревијална трка во организација на Ротари клубот Центар од Скопје, со донации за ски-клубот Пелистер.

Викендов на скијачката патека “Копанки“ се одржа најновото издание на позната скијачка манифестација Пелистерски велеслалом. Оваа манифестсација се возобновува по десетина години, со тоа што имаше натпреварувачки карактер.-Пелистерскиот велеслалом како манифестација со натпреварувачки карактер не се имаше одржано десетина години, а причините сите ги знаеме. Прва причина беше не работењето на жичарницата, а второ беше не активноста на скијачкиот клуб Пелистер. Кога повторно се пушти жичарницата пред неколку години се одржа едно издание на Пелистерскиот велеслалом, но имаше ревијален карактер. Ова последното беше според сите ФИС правила, вели претседателот на скијачкиот клуб Пелистер, Наум Симјановски.

На овој велеслалом се појавија 64 натпреварувачи, се возеше на патека која ги има сите ФИС хомологации.

-Пелистерскиот велеслалом се возеша не една од трите патеки, за кои ски-клубот Пелистер има обезбедено ФИС хомологација, а тоа значи дека на трите патеки можат да се возат трки од највисок ранг. За споредба би рекол дека сега имаме ски-патека со таков рејтинг, како да имаме право да организираме формула 1 трки. Пелистерскиот велеслалом доби одлична оценка од скијачката федерација на Македонија, а Иван Лесовски ни честита на организацијата во која тој се чуствувал како гостин, за разлика од другите трки каде тој ги организира. Лесовски не пофали не само за организацијата туку и за десетте трки (по пет во женска и машка конкуренција) кои поминаа во најдобар ред, вели Митко Милевски од ски-клубот Пелистер.По Пелистерскиот велеслалом се одржа и ревијален натпревар кој го организира Ротари клубот од Центар – Скопје кој имаше хуманитарен карактер. Сите пари собрани од котизација, од продажба на производи и помошта на ЈП “Водовод“ од Битола, кога ќе пристигнат на сметка на ски-клубот Пелистер ќе бидат употребени за набавка на заштитна ограда, која е неопходна за безбедноста на скијачите и туристите на ски-патеката “Копанки“.

-Ние како организатори на било кој натпревар имаме обврска да обезбедиме безбедност на натпреварувачите, скијачите и туристите кои се наоѓаат на патеката. Прва и основна безбедносна мерка е поставување на заштитка ограда, која сега воопшто ја нема. Со парите кои ќе ги добиеме ќе купиме дел од таа мрежа, а тоа сакаме да биде почеток на поставување на таа мрежа. Ќе набавиме дел и со наши пати, но тоа секако нема да биде доволно за цела патека, па затоа сакаме да потикнеме тоа да се постави, вели Симјановски.На двата настани кои беа во неделата Пелистерскиот велеслалом и ревијалниот натпревар како учесници имаше пријавено голем број на познати личности, кои платија по 500 денари, 300 за ски билет за жичарницата, а 200 донација за ски-клубот Пелистер.

-Ревијалниот натпревар беше прифатен од голем број на познати личности од Битола и Скопје, кои и како стоеше во поканата уживаа во О2, кислородот, на Пелитер. Ова беше е мотивација битолчани да не седат во градот кога има загадување туку да бидат горе на Пелистер да дишат кислород. Морам да споменам само двајца гости, а се надевам дека другите нема да ми замерат. Го имавме амдасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која, кој заедно со семејството скијаше на натпреварот. Која искажа големи импресии од Пелистер, од планината, од патеката, од скијањето, а се договоривме да биде повторно наш гостин. Тука приватно скијаше и генералниот директор на ЕЛЕМ, Драги Миновски кој рече дека не верувал дека ова го има тука во Битола. Тој со децата скијаше и донираше за клубот, а почуствував дека искрено ни рече дека ќе помогне оваа патека и Пелистер да биде она што треба за Битола, а знаеме дека ЕЛЕМ, односно Елемтурс е концесионер на ски-патеката и жичарницата, вели Науме Симјановски.

Милевски на крај го спомена и членовите на ски-клубот Пелистер кои имаа пласман на Пелистерскиот велеслалом.Во најмалата конкуренција неприкосновени беа скијачките на Пелистер, Димитра Петровска, Калина Андреевска и Вања Атлагиќ, кои освоија 1, 2 и трето место во У-8. Потоа пласман имаа: Илина Златевска и Матеа Мано, 4 и 6 место во У-10, Марко Ановски и Огнен Тодоров, 6 и 7 место во У-12, Бојана Тодорова, 2 место во У-14 и Дони Петличковски, 4 место во У-14, се пофали Милевски.

Првиот, Пелистерски велеслалом, е одржан во 1960 година на патеката кај Големо Езеро, а во организација на последниот се вклучија како волонтери сите членови на ски-клубот Пелистер и нивните родители,  поранешни скијачи, други битолчани вљубеници со скијањњето, а учествуваа и членовите на мировниот американски корпус.

С.Р.