Press "Enter" to skip to content

Битолчани учеа да поставуваат фотографии од еврејското минато на Битола на Google Maps (фотогалерија)

Денес и утре во  просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ, се одржува дводневен семинар на кој млaдите битолчани ќе се остручуваат за стекнување со вештини за користење на Google Maps. Целта на овој семинар е младите да се стекнат со вештини за поставување фотографии од еврејското минато на Битола и нивно мапирање на Google Maps.Со поставените фотографии секој би можел да се запознае со историската вредност и објектите во Битола како што се: некогашниот Пионерски дом, куќите на битолските Евреи, еврејските гробишта и слично.По теоретскиот дел на семинарот, попладнево, учесниците на семинарот, заедно со израелскиот амбасадор, Н.Е. Дан Ориан и д-р Рахел Шели Леви Друмер, внуката на д-р Хаим Абраванел и Мира Герас Дочовска ги посетија Еврејските гробишта во Битола.Мира Герас Дочовска, претседател на АХАМ, на младите им одржа историски час, на кој ги запозна за историјата на Еврејските гробишта и за се она што е направено тука, на самото место, од 2015 година кога започна уредувањето на запоставените дотогаш гробишта во Битола.

More from БитолаMore posts in Битола »