Press "Enter" to skip to content

Одбележани 120 години од дипломирањето на Ататурк во Воената гимназија во Битола

Денес во Заводот и музеј во Битола, каде пред 120 години се наоѓала Турската воена гимназија се одржа свеченост на која одбележаа 120 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк, токму во оваа Воената гимназија.

Како и изминатите години и оваа на свеченоста беа приссутни голем број на питомци од турските воени училишта, заедно со турски офицери, кои предводеше турскиот бригаден генерал, Алтан Ер.-Битола и Воената гимназија во Битола, имаат значајно место во животот на Мустафа Кемал Ататурк, посебно во здобивањето нови мисли, нови погледи и нови хоризонти. Воената гимназија во Битола е значајна образовна институција која придонела во оформувањето на лидерските особености на Ататурк, посочи бригадниот генерал Ер.

На свеченоста зборуваше и македонскиот генерал-мајор, Нуредин, кој рече дека Република Турција е наш стратешки партнер, а пригодно обраќање одржа и заменик турскиот амбасадор Умит Љутфу Устурк.