Press "Enter" to skip to content

“Во чест на Великанот Шекспир“ – Шекспирова вечер во Битола (фотогалерија)

Македонско – Британското друштво од Битола во Офицерски дом во Битола одржа вечер посветена на Шекспир, насловена “Во чест на Великанот Шекспир“, кој зборуваше преку своите дела, иако роден пред неколку векови, (1564 година) неговите текстови денеска се најизведувани драмски текстови во светот.Оваа Шекспирова вечер е дел од глобалниот настан на Шекспировиот роденден, 23 април, а овој настан традиционално во Битола го организира Македонско – Британското друштво.Оваа година друштвото за оваа Шекспироба вечер ја одржуваше заедно со Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ – Битола.Ученицита на Гимназијата настапија со делови од најпознатите шекспирови драми и сонети и ја пленија публиката со своите рецитации на англиски ишекспировски јазик.

Текст и фото: Дамијана Ристевска