Press "Enter" to skip to content

Денес жребка за плеј-офот, Пелистер и Еурофарм во “шеширот“

Денес во 11 часот во просториите на Ракометниот сојуз во Скопје ќе се изврши жребањето за претстојниот ракометен плеј-оф, односно за завршницата на оваа ракометна сезона.

Оваа година во плеј-офот ќе ги гледаме двете битолски ракометни екипи Пелистер и Еурофарм, кој ќе играат со екипите на Вардар, Металург, Пролет и Бутел, односно четири скопски и две битолски екипи.

Екипата на Еурофарм Работник во овој плеј-оф ќе се обиде да го нападне второто место кое ќе му донесе играње во наредната сезона во СЕХА лигата, а екипата на Пелистер преку плеј-офот ќе обезбедува излез на европска сцена.

Во секој случај, битолчани покрај двете градски дерби помеѓу Пелистер и Еурофарм Работник ќе гледаат и добри ракометни натпревари, бидејќи во Битола ќе дојдат и екипите на Вардар и Метарург кои се га се приклучуваа на домашното првенство.

More from СпортMore posts in Спорт »