Press "Enter" to skip to content

Вечерва, илјадници битолчани, традиционално, на Кркардаш, по пријатно време (фотогалерија)

Секоја година на 21 наспроти 22 март, илјадници битолчани ги слават Светите четириесет Битолски и Севастополски Преподобни Маченици, а некои пак оваа посета на манастирот ја поврзуваат и со доаѓањето на пролетта.Пријатна пролетна  вечер со полна месечина и мирис на  расцветани  дрвја. Голем број Битолчани  не пропуштија да ја испочитуваат вековната традицијата, и вечерва да се искачат на Кркардаш и да им оддадат чест на 40 маченици, по кои и го носи името манастирот, на ридот над Смилевски Баир, храм “40 Маченици“. По патот и скалите кои водат до манастирчето гужва, но секој културно  чекаше во редица за да дојде до пред манастирот каде секој си наоѓа место и друштво.За денешното прославување, домаќините во манастирот им овозможија на битолчани целивање на каменот на безоглавените 40 Маченици Христови и нивната Икона.-Преполно е со народ од попладневните часови, а имаше и многи луѓе на богослужбата. Сите запалија свеќа и се помолија, а голем е и бројот на оние кои се молат  во црквичето каде се одржува литургија, вели Ице кој е еден од домаќините, кој додава и дека свештеници од преспанско-палагониската епархија одржаа богослужба, а голем број битолчани стрпливо чекаа да ја целуваат Иконата на светите маченици.Надвор во дворот на манастирот се поставени голем број на тезги, карактеристични за панаѓур и секој може да си купи  шеќерна волна, шеќерни јаболка кои  потсетуваат на  детството потоа пуканки, локуми. Голем е бројот на  тезги со играчки и за секого по нешто.  За најмалите најинтересна  “шекерната волна“ на Раде во разни бои.  А, тинејџерите вечерва си најдоа нова „играчка“, големиот рингишпил, на кој се чекаше за место. Секој сакаше да го почуствува адреналинот на голема висина, а на повозрасните им врати спомени од некои далечно време.По вечерното бдеење утре наутро на Кркардаш  ќе се одржи  Света архиерејска божествена литургија, на која се очекува да има голем број на верници, а оние кои слегуваа од горе, како велат баирчани, уживаа во погледот на Битола осветлена под  ведрото небо со полна месечина.Оние кои вечерва не дојдоа на Кркардаш, утре ќе дојдат во посета на манастирот, да запалет свеќа и да се помолат на Светите 40 маченици.

Ж. Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »