Press "Enter" to skip to content

Многу сет грешки и неискуството причина за поразот (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Наковски Волеј  1:3 (16:25, 25:23, 20:25, 14:25)

Ви натпеварт од Првата државна лига на Македонија, во втората фаза од 6. коло младата екипа на Пелистер Волеј, иако се натпреварува во сениорска конкуренција, го плати данокот на неискуството и е поразена на свој терен од екипата на Наковски Волеј. По првиот загубен сет, екипата на Пелистер Волеј, се врати во игра и вториот го доби за израмнување, но во одлучувачкиот трет сет, многуте грешки, искусните противнички тоа го казнија.Тренерот на екипата на Пелистер Волеј, по завршувањето рече:-Убав и содржаен натпревар, особено возбудлив во вториот и третиот сет, а две екипи кои конкурираат за пласман во завршницата во Ф4. И на овој натпревар бевме некомплерни, а она што денес не оддалечи од бодовите, беа големиот број на сервис грешки, особено во првиот и четвртиот сет. Што се однесува за играта во поглед на одбраната и полето беше за пофалба, како и одличниот прв прием. На натпреварот кој беше вистински тест за нашата досегашна работа увидивме многу позитивни нешта во новиот концепт на игра и сметаме дека тоа во иднина ќе донеси уште подобри резултати, а за судењето додаде:-Малиот број на лоши одлуки во организацијата на играта доаѓаа во доста лош момент, што само дополнително не оддалечи од можната победа.

More from СпортMore posts in Спорт »