Press "Enter" to skip to content

Со еден гол од пенал, три значајни бодови за Пелистер (фотогалерија)

Пелистер – Лабуништа 1:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер со голот од пенал, на Благојче Љамчевски, ја победи екипата на Лабуништа која е второпласирана на табелата и со три бода и се доближа само на три бода, само по три одиграни кола во пролетниот дел од Втората фудбалска лига – запад.Во првото полувреме екипата на Пелистер ја имаше иницијативата,  но Недановски во 24. минута од натпреварот, кој изби пред голманот на гостите, но не се снајде најдобро и шутираше наместо во голот, покрај него.И во второто полувреме гостите се определија за одбрана, но “пелистерци“ не успеаја да ја пробијат, освен на неколкупати кога со конранапади се доближаа до голот на Љабуништа, но без посериозно да го загрозат голот на гостите. Во 60. минута Главески наместо за удар во голот од десетина метри се реши да додава во празно, а потоа во продолжението на акцијата беше во шеснаесетникот фаулиран Бошковски, а судијата Гоцевски оправдано досуди пенал. Благојле Љамчевски, пеналот го претвори гол за 1:0 и три бода за Пелистер.По одиграни  17 кола лидер на табелата е Струга Трим Љум со 31 бода, следуваат Лабуништа со 28 и Пелистер со 25.

More from СпортMore posts in Спорт »