Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со пораз ги заврши битолските меѓународни натпревари (фотогалерија)

 
Со четвртиот пораз екипата на Еурофрам Работник се прости од битолската публика во за нив првата европска пролет во рамките на групната фаза од ЕХФ купот. Хавовер убедливо ги победи во Битола со 17:29 и со оваа победа во Битола ги задржаа шансите за пласман во четврт-финалето од Купот на ЕХФ.
Инаку, на почетокот на напреварот “фармацевтите“ добро трнаа и беа рамноправни со тимот на Хановер, а израмнија на 3:3.  Потоа следуваа шест минути во кои не постигнаа ниту еден гол и гостите со неколку брзи погодоци успеаја да стигнат до водство од 9:3.
Потоа следуваа минута на надеж кога Еурофарм Работник намали на 5:9 имаше, по што гостите играа непогрешливо и стигнаа до 5:15, а на одмор со 8:15.
Во второто полувреме ракометарите на Хановер повторно дојдоа до двоцифрена разлика, а на десетина минути до крајот беша највисоката предност 13:26, за на крај да биде 17:29.
Стевче Алушовски тренер на Еурофарм Работник на пресот по завршувањето рече:
-Честитки за противникот, се надевам дека ќе се пласира во најсилните осум во ова натпреварување. Што се однесува до мојот тим, навистина ми е многу жал што потрошивме една седмица подготвувајќи се за овој натпревар. Ова е вторпат како Еурофарм игра вака лошо пред својата публика и се надевам последен.
Голман Градимир Чаневски на пресот додаде:
-Овој пораз треба да биде поука како не треба да се игра на свој терен и се надева дека секој ќе ги согледа грешките за истите да не се повторат. Одигравме под нашето нивно и заслужено бевме поразени. Треба да работиме напорно за овој меч да не ни се повторно. 
Околу 3.000 битолчани беа на трибините, но за разлика од претходниот натпревар, против екипата на Нексе, со оглед на резултатот им остана само на крајот со аплауза да го испратат подобриот противник и да им честитаат на победата.
 
Текст и фото: С. Ристевски
More from СпортMore posts in Спорт »