По пожарот кој во понеделникот се појави во атарот на село Ротино, во bitolanews.mk се јави битолчанец кој ни донесе дваесетина фотогафии за тоа како изгледа во близина на пожарот, односно од Ротинското езеро, по стариот пат за село Ротино.
На фотографиите кои ги објавуваме се гледаат депонии на секој чекор.
-Не знам како сега наеднаш сите кои се од овој крај се толку загрижени за природата, односно дека имало пожар, кога за местото кај Ротино, никој од нив не бери грижа, кој знае колку време. Насекаде ѓубре, стар мебел, пластика… и што се уште не. Ако некој ја сака природата и жали по неа, нема шанса да дозволи вака да изгледа, ни рече.
Ние ви ги пренесуваме фотографиите кои се направени со мобилен телефон вчера.

Фотографии од местото на пожарот кај Ротино, депонии на секој чекор
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





