Press "Enter" to skip to content

Пелистер го прими првиот гол оваа пролет, за минимален пораз од Тетекс под Тумбекафе (фотогалерија)

Пелистер – Тетекс 0:1 (0:1)

Во Битола се повтори старото фудбалско правило, ако не дадеш гол ќе примиш, а “пелистерци“ со примениот гол во судиското продолжение на првото полувреме, од две минути, го примија првиот гол оваа пролет. Ударот на Михајловски, поддржан од ветерот, од 18 метри заврши под пречката на домашниот голман, а со тој резултат се отиде на одмор.Во второто полувреме Пелистер играше и со играч повеќе, но не успеа да постигне гол за изедначување, а потоа и резултатски престврт.Со овој, прв, пролетен пораз, екипата на Пелистер се оддалечи од посакуваното второ место, и сега со 26 бода се наоѓа на петтото место на табелата, а конкурентите, во ова прво коло од третиот циклус остааа непоразени.Сега екипата на Лабуништа на второто место има предност од пет бода пред Пелистер.Пелистер и наредното коло в сабота игра на свој терен, а ја пречекува екипата на Влазерими.

More from СпортMore posts in Спорт »