Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник го победи Металург и направи чекот кон СЕХА лигата

Металург – Еурофарм Работник 25:32 (12:13)

Сала: Автокоманда во Скопје. Гледачи: 500. 

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. 

Металург: Томовски, Дупјачанец, Јагуриновски, Лазаревски, Димитриоски 1, Токиќ 2, Шилегов, Танкоски 7, Серафимов 5, Маџовски 3, Арсеновски, Стојановиќ 1, Миличевиќ 1, Шпенде 4, Пучник 1, Чориќ.

Седмерци: 1/2, исклучувања: 4 мин.

Еурофарм Работник: Чаневски, Трајкоски, Ојлески 3, Маркоски 4, Петровски, Пецаковски 1, Талевски, Стјепановиќ 3, Кузмановски 8, Радовиќ 1, Кукоски, Остроушко 3, Бардакоски, Граџан 1, Ѓукиќ 7, Петровски 1.

Седмерци: 1/2, исклучувања: 10 мин.

Екипата на Еурофарм Работник во првата средба од плеј-офот на гостувањето во Автокоманда ја победи екипата на Металург, и направи голем чекот кон второто место, што значи и учество во СЕХА лигата. 

Натпреварот го отвотрија “фармацевтите“ со 1:3, а потоа израмнија домашните на 3:3, а изедначено се играше се до десетина минути пред крајот на полувремето, кога гостите направија +3, а на одмор Еурофарм Работник отиде со гол предност 12:13.

Стартот на второто полувреме почна повторно во знак на гостите кои направија +4 (15:19), а на средината на полувремето +5, (21:25). Натпреварот Еурофарм Работник крајот го одигра без Кукоски, но разликата ја зголемија на +7 (25:32), како и заврши натпреварот. 

Кај Еурофарм Работник најефикасен беше  Кузмановски со осум и Ѓукиќ со седум гола.