Press "Enter" to skip to content

Еве кои битолчани на трибините во спортската сала ги бодреа битолските екипи (фотогалерија)

Дека Битола и битолчани сакаат квалитетен ракомет покажа и денешната средба која од плеј-офот на Супер ракометна лига помеѓу двете битолски екипи Еурофарм Работник и Пелистер.Жребката пред стартот на плеј-офот сакаше на оваа средба формален домаќин да биде екипата на Еурофарм Работник, а за брзо време и Пелистер ќе биде формален домаќин.На трибините беше и навивачката група “Чкембари“ кои придонесоа екипата на Пелистер, во нути еден момент да не се чуствува како гостин, но се покажа и дека и екипата на Еурофарм Работник има своја публика.Оние неутралните кои дојдоа да гледаат квалитетен ракомет во градската пресметка, а ги имаше многу, не останаа рамнодушни, туку на крај им аплаудираа на двете екипи.Низ публиката имаше поранешни ракометати, поранешни и сегашни тренери, а радува тоа што има се повеќе и припаднички на понежниот пол, а имаше и родители со деца.Но, низ фотографиите ви доближуваме како изгледаа трибините во денешното градско дерби.

More from СпортMore posts in Спорт »