Press "Enter" to skip to content

Ликовно-моден перформанс “Звездената ноќ на сончогледите“ на основните училишта “Св. Климент Охридски и “Св. Кирил и Методиј“ (фотогалерија)

Во фоајето на Центарот за култура се одржа ликовно – моден перформанс, кој беше подготвен и изведен од страна на двете битолски основни училишта, а на него присутните ги видоа насликаните -репродукции на Ван Гог, видео презентации од делата на Ван Гог, модна ревија “trash fashion“ чии модели ги изработија ученици од отпадоци, слушаа француска музика, соло изведби, танци, драма…Настанот беше отворен со француска песна која ја исполни Санела Шукриевска, а нив настанот присутните ги водеа ученичките Теодора Сарафска и Марија Сервини, а потоа следуваа модерни танци, модната ревија, драмата, претставување на младите ликовни уметници и модните креаторки…-Целта на овој  ликовно – моден перформанс  беше да ја пренесеме пораката “Со уметноста да ја почуствуваме природата и да ја заштитиме“, односно уметноста преку делата на големиот сликар Ван Гог, изјави директорката на ОУ “Св. Климент Охридски“ Гордана Анастасова и продолжи:-Талентирани  ученици од основните училишта “Св.Климент Охридски“ и “Св. Кирил и Методиј“ беа вклучени во овој проект заедно со своите ментори, Анкица Стевановска наставник по ликовно образование и психологот Жанета Ристевска, кои докажаа дека со  посветеност, поттик и упорност може да се насликаат прекрасни дела и да се креира облека од отпадни материјали т.н. “trash fashion“  со која продефилираа моделите на модна писта  со безброј сончогледи… Тука вечерва видовме и таленти од музичка уметност, танц, драма…-Настанот претставува успешна  соработка меѓу двете основни училишта “Св Климент Охридски“  и “Св. Кирил и Методиј“ Битола, а беше реализиран со поддршка на Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска. Се што беше замислено како сценарио од страна на двата тима од двете училишта успешно беше реализирано. Успешноста на презентацијата, настанот и големата поддрша која ја имаа учениците од присутните во фоајето на Центарот за култура, ни “даде“ обврска и понатаму да ја продолжиме оваа соработка,  изјави директорот  на на ОУ “Кирил и Методиј“,  Душко Костовски.“Звездената ноќ на сончогледите“ како наслов, бидејќи звезди беа талентирани ученици кои беа претставени  и учествуваа во овој мултимедијален проект. Со овој настанс акавме а го одбележиме раѓањето на големиот сликар и  уметник  Ван Гог и да ги претставиме неговите епохални дела како “Звездената ноќ“, “Сончогледите“, “Автопортрет“, “Собата на Ван Гог“ и други дела, чии репродукции ги насликаа ученици од шесто и осмо одделение од нашето училиште, изјави  менторот Анкица Стевановска од ОУ “Св. Климент Охридски“.Менторот-психологот  Жанета Ристевска од ОУ “Кирил и Методиј“ вели дека едукативната компонента на настанот е идентификување на талентираните и надарените деца, нивно правилно насочување и понатамошно развивање на нивниот талент.-Вечер исполнета со  уметност, мода, и многу, многу сончогледи инспирација  во модното изразување на  дизајнерките кои изработија модели од рециклирачки материјали инспирирани од делата на Ван Гог. Низ модниот перфорнманс сликовито  го доловија периодот кога творел големиот сликар Ван Гог – 19 век. Талентираните и надарени деца се комплексни личности и како што истакнуваат психолозите нивниот мозок функционира поинаку, поради тоа наша задача, односно задача на наставниците, стручните соработници е вистинска насока на истите и секако развивање на нивната емоционална интелигенција и особини како упорност, истрајност, контрола и изразување на емоциите.Михаела Ѓоревска, Ангела Плушковска, Марија Сервини, Алексис Докстатер и Ема Апчевка со својот ментор ги изработика моделите за “trash fashion“ со кои продефилираа моделите на модна писта, за што беа наградени со аплауз.Оваа звездена ноќ на сончогледите беше проткаена со уметност, мода, музика и танц, а сончогледите кои ги гледате насекаде околу вас секогаш се вртат кон сонцето, а ние да се потсетиме дека секогаш треба да бидеме свртени кон светлината и оптимизмот. Со оваа мисла заврши овој интересен ликовен и моден перформанс.

More from БитолаMore posts in Битола »