По извршените подготовки во изминатите денови, започна асфалтирањето на потегот од кружниот тек кај “Лук Оил“ на излезот од Битола кон Ресен, до влезот во селото Братиндол, во должина од 3 километри.
Директорот на “Македонија пат“ подружница Битола, Беким Мемети, истакна дека оваа активност во вредност од 15 милиони денари, го надминува проблемот со пропаднатиот асфалт на самиот кружен тек, кој со години наназад ја загрозуваше безбедноста на возачите, а истовремено оставаше лоша слика за самиот влез во градот од страната кон Ресен.

Фото вест: Се асфалтира од кружниот тек кај “Лук Оил“ до Братиндол
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“





