Во втората фаза од денешната деловна мисија насловена “B2B“ (“Бизнис2Бизнис“), учесниците одржаа брзи средби, на кои беа договорени утрешните конктетни средби и посета на компании кои искажаа заинтересираност за деловна соработка.
-Во вториот дел од денот, компаниите имаа брзи меѓусебни средби откако го проверија профилите ја компаниите ставени на палтформата Б2Б, и веќе закажаа состаноци и ги одржаа првите реални средби на кои се договараат на идните активности, кои како гледате се веќе во тек, ни рече Сузана Трајковска-Кочанковска, проект-менаџер “GAUSS Институт“ Битола.
-Во оваа сала, во која се слуша голем џагор има претставници на 20 компании кои се гости од Грција, Кипар, Албанија, Бугарија и уште околу четириесетина битолски компании и од регионот, кои се пријавени на платформата. Сите тие, едноставно, сега се договараат меѓусебно, а веќе како и се уверивме има договорени и средби за утре каде дел од гостите ќе бидат на лице место кај компаниите од тука. Според најавите кои ги добивме ќе има посети на на компании од млечната индустрија, компанија за крзно и други. Очекуваме до крајот на денот, додека трае формалниот дел и во неформалниот дел ќе има уште договори за утре, кога денешните брзи средби ќе преминат на конкретни почетни договори, додава Трајковска-Кочанковска, која и самата е модератор за договарање на брзи средби и посети на компании.
Дел од компаниите кои се занимаат со проекти и консалтинг услуги утре ќе го посетат “GAUSS Институт“ Битола и ќеа работат на развивање на потенцијални проектни апликации и ќе се запознаат со други институции со кои ќе можат да развиваат проекти.

Одржани многу брзи средби на бизнисмени во рамките на проектот на “GAUSS Институт“, а “паднаа“ и првите договори (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“





