Press "Enter" to skip to content

ОУ “Тодор Ангелевски“ со свечена академија го одбележа патрониот празник (фотогалерија)

Во големата сала на Центарот на култура вечерва основното училиште “Тодор Ангелевски“ одржа свечена акдемија, посветена на патронот на училиштето Тодор Ангелевски.Академијата беше отворена со изведби на хорот и мандолинскиот оркестар, кој исполни песни за Тодор Ангелевски, водител беше Марија Костурска. Учениците од осмо одделение изведоа драма посветена на учениците со аутизам. Потоа следуваше рецитал во кој се зборуваше за Тодор Ангелевски и за градот Битола, кој го подготви наставничката по македонски јазик, Дијана Лозанова.Потоа учениците од одделенска настава имаа свои точки, а учениците ги подготвуваа нивните наставнички.Посебни аплаузи од публиката во салата добија точките на Слаѓана Бојаџиева, Ивона Божиновска и Јасмина Ортаковска.Свои точки имаа и учениците од населбата Стрелиште и Горно Оризари.На крајот директорката на училиштето Љубица Стерјева, ја запеа заедно со учиниците песната “Ако одам во Битола“.Претходно се положи свежо цвеќе на бистата на Тодор Ангелевски, каде се одржа и историски час, кој го подготви наставникот по историја Ѓорѓи Чекутков.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »