Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, од 3 до 9 мај 2026 година, е домаќин на Претприемничката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија „Се развиваме заедно“.
Партнер на овој настан, поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија, е Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, Швајцарија. Во реализацијата на активностите се вклучени 80-тина студенти и 15 професори од двата универзитета, како и над 10 компании од нашата држава.
Според ректорот на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, со овој настан УКЛО се етаблира како лидер во поддршката на претпримничките идеи на студентите за основање на свои компании, за поддршка на транферот на технологии.
– За УКЛО КОЛОРС студентите е мошне битна постојаната комуникација со европски и светски универзитети и организации, да видат до каде се со своите знаења. По мое длабоко убедување и по она што го слушеме од нашите колеги од Алијансата КОЛОРС, тие се рамо до рамо со свои колеги од слични универзитерти од Европа.
Соработката меѓу двата универзитета ја поздрави и г-ѓата Михал Харари, заменик-шеф на мисијата на Амбасата на Швајцарија, која посочува дека на овој начин се зацрвстуваат и добрите односи меѓу двете земји.
На отворањето на Претприемничката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија, пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
-Претприемачката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија Верувам и сигурен сум дека ќе охрабри многумина да соберат храброст и својот потенцијал да го инвестираат во нови и иновативни решенија кои ќе го подобрат нашето секојдневие и иднина, рече градоначалникот Коњановски.
Деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски, овој настан го оценува како почеток на нови идеи, нови партнерства и нови успешни приказни.
Претприемничката недела ќе трае до сабота кога ќе бидат презентирани резултатите од работата на тимовите.
На Општина Битола, како и на фирмите во градот, јавните претпријатија потребни им се луѓе со претприемачки дух, луѓе кои се дел од модерните текови и имаат визија за иднината.

Претприемничката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија на ФИКТ Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“





