Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник прв до завршницата на ракометниот куп (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 38:27 (23:12)

Ракометарите на Еурофарм Работник по победите во првата група, први стигнаа до завршниот турнир од Купот на Македонија. Тие во Битола, рутински ги добија двата натпревари на мини-турнирот.Избраниците на тренерот Алушовски, претходно, пред Вардар Јуниор, во полуфиналето, лесно го совладаа Охрид со 34:20, па во вечерашното финале од турнирот се сретнаа со Вардар Јуниор, кој во вториот меч славеше над Астарион со 34:22.Екипата на Вардар Јуниор само пет минути им парираше на домаќините, кога имаа водство од 1:3, а потоа се си дојде на место. Прво беше 6:5, а потоа Еурофарм Рабонитк  ја презеде контролата на натпреварот и само го зголемуваше водството. На полувреме Еурофарм Работник имаше двоцифрена предност, 23:12.Во полувреме “фармацевтите“ лесно ја одржуваа предноста, а разликата од полувремето остана и на крајот.Филип Кузмановски беше наефикасен со седум, пред Граџан со шест и Петровски со пет постигнати гола.

More from СпортMore posts in Спорт »