АВ Охрид – Пелистер 79:62 (19:17, 24:11, 14:18, 22:16)
Спортска сала “Билјанини извори“
Судии: Бошковски, Лазов и Крстевски.
АБ Охрид: Доневки 3, Дркаловиќ 7, Атанасов 14, Андрејевиќ 8, Коскоски, Зафиров 2, Ценовски, Милојевиќ 9, Настовски 10, Тасков, Димитриев, Бојовски.
Пелистер: Арсовски 4, Харис 9, Анатасовски 6, Богдановски 8, Голубовиќ 18, Трајковски 2, Ѓоргиевски, Талевски 4, Давков 22, Илиевски, Захариевски 6.
Кошаркарите на Пелистер во рамките на втората рунда од плеј-аут лигата ја победија екипата на АБ Охрид на гостувањето, иако настапија без најдобриот странец Билер, кој веќе си замина од Битола.
Избраниците на Зоран Тодоровиќ втор пат стигнуваат до триумф во Охрид, а им се реваншираа на охриѓани и за последниот пораз во Битола.
Во првата четвртина Пелистер поведе со 2:6, а потоа домаќините по серија од 8 поени дојдоа до 10:6, а на крајот Пелистер имаше негатива од -2 (19:17). Во втората четвртина Пелистер го доби натпреварот и имаше 11:24, и со +15 замина на одмор (43:28).
Во третата четвртина АВ Охрид за четири поени ја намалија негативата, а последната четвртина охрижани намалија на -5 (54:59), но завршницата беше во знак на “зелено-белите“ кои ззабележаа заслужена победа од 62:79.
Во екипата на Пелистер најефикасен беше Давков со 19 поени, а еден помалку постигна Голубовиќ 18 поени.






