Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј со комбиниран состав поразен од Работнички во Скопје

Работнички Жени – Пелистер Волеј  3:0 (25:15, 26:24, 25:19)

Во рамките на македонската одбојкарска лига за жени во 10. коло од  Втората фаза екипата на Пелистер Волеј, е поразена на гостувањето е поразена од Работнички Жени со 3:0 по сетови.

Пелистер Волеј во екипата имаше и три кадетки, односно настапи со комбиниран состав, продолжувајќи ја идејата во сениорскиот тим од година во година да играат битолски одбојкарки кои самити во младите категории ги создаваат.

Тренерот на Пелистер Волеј, Робер Митковски за овој натпревар вели:

-Во Скопје одигравме убав и содржаен натпревар против финалистот во Купот во кој покажавме убава и достоинствена игра за почит,  а во вториот сет први стигнавме до сет топка, но не ја искористивме можноста при резултат 24:23 да израмни е на 1:1. За нашиот комбиниран состав со дури 3 кадетки ова е игра за пофалба. После долго време го намаливме ројот на грешки и тоа даде далеку поквалитетна игра.

Митковски ја анализира и статистиката и додава:

-Пелистер Волеј освои вкупно 32 поени, 18 од напад, 11 АС сервиси и 3 поени од блок. Направивме грешки и тоа: 12 сервиси, 10 пати од напад, само 7 грешни приеми од кои сме загубиле поен, додека само 1 не уловиле на блок.

Поените ги освоија: Симона Стојановска 9, Сара Димовска 6, Софија Петличковска 6, Ивана Белокозовска 5, Теона Богдановска 3, Ана Пејовска 2, Ана Марија Шехи 1.