Љубителите на спортот во Битола ќе имаат прилика да проследат два прволигашки натпревари во спортската сала “Боро Чурлевски“.
Со почеток во 16,30 часот екипата на Еурофарм Работник во рамките на плеј-офот ќе биде домаќин на екипата на Тинекс Пролет, а влезницата ќе биде 120 денари.
Во 20 часот љубителите на кошарката ќе го гледаат натпреварот помеѓу Пелистер и Шкупи кој се игра во разигрувањето во плеј-аут конкуренцијата.
Двете битолски екипи кои играат денес се фаворити за победа над скопските екипи.






