Еурофарм Работник – Тинекс Пролет 31:19 (13:9)
Екипата на Еурофарм Раборник продолжува со победите, а попладнево, пат во четвртиот натпревар во плеј-офот во спортската сала “Боро Чурлевски“ го победи Тинекс Пролет.
Избраниците на Стевче Алушовски го победија составот на Пролет со убедливи 31:19, и со тоа се поблиску чекор до посакуваното второ место на табелата.
“Фармацевтите“ немаа проблеми околи победникот, а првото полувреме помина во водство, кои на крајот на полувремето им донесе предност од четири гола, 13:9.
На стартот на вториот дел домаќините додадоа уште два гола, а резултатот дојде до +6 (15:9), а следуваше и нова серија за 19:10.
Последните минути беа само колку да се доигра натпреварот, крајот беше 31:12.
Филип Кузмановски постигна осум голови за Еурофарм Работник, а Милан Ѓукиќ шест гола.

Еурофарм Работник рутински до нова победа во плеј-офот (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- Пелистер во 92. минута освои бод за опстанок кај Работнички!
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив





