Press "Enter" to skip to content

Ротари Клубот “Битола Широк сокак“ ја поддржа акцијата “Pay it forward”

Ротари клубот “Битола Широк Сокак“ ги продолжува активностите по повод одбележувањето на Денот на Планетата земја, во рамките на проектот “Затоа што немаме друг дом”.

Членовите на клубот учествуваа во акцијата за Чистење на локација во близина на Стдентскиот дом од Битола.

Акцијата беше поддржана од вработените во студентскиот дом од Битола, Агенцијата за заштита и спасување и ЈП “Комуналец“.

Членовите на клубот ја поддржаа акцијата “Pay It Forward“ (Продолжи понатаму), беа поделени картички на учесниците во акцијата за чистење, со молба секој од нив да продолжи со правење на добри дела и предавање на картичката понатаму.

Чиста и задрава животна средина и апел за правење добри дела се дел од мотото и целите на Ротаријанците низ целиот свет. 

More from ВестиMore posts in Вести »