Денес во просториите на јавното претпријатие “Стрежево“, меморандум за межусебна соработка потпишаа “Стрежево“ и Техничкиот Факултет од Битола. За ЈП “Стрежево“ потпипс на договорот стави директорот, Менде Граматковски, а во име на Техничкиот факултет-деканот, проф. д-р Стојанче Нусев.
-Предмет на овој Меморандум за соработка е долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка помеѓу двете институции, јавното претпријатие “Стрежево“ и Техничкиот факутет (членка на Универзитетот “Св. Климент Охридски“), а договорија форма на долгорочна соработка, вели директорот, Менде Граматковски, кој појаснува:
-Соработката ќе се остварува преку заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер, соработка со едукативни процеси, организирање и реализација на практична настава за студенти од техничкиот факултет, како и консултации и ескпертизи и други форми на соработка.






