Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево, пред седишето на Општинскиот комитет, оствари посета на Битола, при што се сретна со голем број на граѓани. Мицкоски, заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Иванчо Тошевски и членот на ИК на партијата-Силвана Ангелевска им се обрати на присутните.
Тој пред присутните рече дека власта ги направила луѓето незадоволни и апатични за да бидат незаинтересирани, индиферентни кон болната реалност за да им помине се полесно, но одговорот на таа разочараност е масовноста во вториот круг од изборите и казната која ќе ја испорача народот.
Тој потенцираше дека власта ја разочара Битола, но 5. мај е денот кога битолчани ќе ја разочараат власта и уште еднаш побара од присутните поголема масовност за да се избориме заедно за подобар живот, за посилен стандард, за нова надеж, за решенија на проблемите, и за правда и слобода за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во Битола, оствари средба со граѓани
More from ВестиMore posts in Вести »
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето





