Press "Enter" to skip to content

Пелистер одигра реми на гостувањето кај конкурентот за Прва лига, Љабуништа

Љабуништа – Пелистер 0:0

Фудбалерите на Пелистер се враќат со голем бод од гостувањето кај второпласираниот  на Втората фудбалска лига, Љабуништа, а одиграа нерешено без голови.

Овој натпреват беше во знак на хуманоста и со хумана порака од двата клуба да му се помогне на 22-годишниот Мартин Стојаноски, голманот на екипата на Љабуништа, кој треба да замине во Москва, на дополнително лекување по сообраќајната несреќа.

Натпреварот од 23 коло ВМФЛ-Запад можеше да има и друга завршница ако “пелистерци“ ја искористија шансата на почетокот на натпреварот. Натреварот помина без некои посериозни шанси за гол, па таке нерешено е и најреалниот резултат.

По 23 кола екипата на Струга ТМ е лидер на табелата со 49 бода, Лабуништа е второпласирана со 39, а Пелистер е на третото место со 34 бода, пет помалку од местото кое води во бараж.

До крајот на лигата има уште три кола.