Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Работник против Бутел во Скопје

Бутел – Еурофарм Работник 25:30 (14:15)

Еурофарм Работник на денешниот натпревар во Скопје, против домаќинот Бутел, со победа се вража во Битола, со резултат 25:30, полувреме 14:15.

Првото полувреме помина во резултатска предност на домашните, а домашните ракометари, иако гостите беа фаворити одржува предност, а имаа и 13:10. Во финишот на полувремето “фармацевтите“ поведоа, и со 14:15 отидоа на одмор.

На стартот на второто полувреме Еурофарм Работник направи разлика од 3:8, односно 17:23, по што победникот беше познат. Завршницата беше мирна и без многу борба, па така и се заврши 25:30.

Најефикасен беше Кузмановски со девет голови и Остроушко со шест и Стјепановиќ со пет голови најефикасни во Еурофарм Раборник.