Тинекс Пролет – Пелистер 30:28 (12:12)
Сала: “Македонско сонце“. Гледачи: 100.
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.
Пролет: Кимевски, Коруновски, Кристо, Василевски 4, Аларов, Јовчевски, Давитковски, Манев, Ролевски 8, Трајковски, Андоновски 1, Џонов 7, Мајнов 3, Дамчевски 1, Стојановски, Манасков 6.
Пелистер: Плех, Ѓорѓески, Петров 2, Маџовски 1, Поповиќ 11, Гуглета 1, В. Димитровски 6, Апостоловски, Станојевиќ 4, Лековиќ, И. Димитровски, Кобетиќ 3, Стоилевски, Табанге, Дрогришки, Ивановски.
Екипата на Пелистер имаше водство до 52 минута од натпреварот, но не издржа, а од друга страна ракометарите на Пролет со одличен финиш дојдоа до победа од два гола разлика.
На стартот “пелистерци“ направија 2:5, а таа разлика беше во текот на целото прво полувреме. На 8:11, а потоа Пролет дојде до 11:11, а на полувреме се отиде со 12:12.
Во второто полувреме иста слика, водство на Пелистер 12:15 на стартот, а по десет минути игра 20:20, а со изедначен резултат се влезе во завршницата. Пролет поведе со 26:25, а потоа стигна до 28:25, и четири гола предност 29:25. До крајот Пелистер се обиде да се врати, но времето не беше нивни сојузник, па така 30:28 беше крајниот резултат.
Во тимот на Пелистер најефикасен беше Поповиќ со шест погодоци.






