Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: со “мерцедес” удрил во 70-годишна жена, пешак

Вчера попладне во Битола на улицата “Охридска“ патничко моторно возило “мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Т.Ц. (25) од Битола, удрило во пешакот Д.З. (70) од Битола. 

Во незгодата Д.З. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »