Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во еден ден, фудбалско и ракометно дерби Пелистер-Вардар (фото)

-Во мојот спортски бележник, помеѓу поинтересните спортски забелешки, кои заслужуваат да се споменат, ќе остане и еден априлски дел, кога во еден ден, се одиграа две битолско-скопски дерби средби, помеѓу фудбалерите и ракометарите на Пелистер – Вардар, раскажува Димче Миновски, доајен на македонското и битолското спортско новинарство.Спортскиот ден започнал попладне со натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар, на градскиот стадион под Тумбекафе, во фудбалското дерби, а стадионот бил исполнет до последното место.  Навивачката група “Чкембари“ имале одлична кореографија во текот на целиот натпревар, а ја имале и поддршката од останатите гледачи.На тоа вечно дерби на мак-фудбалот присуствувале и “Комитите“ од Скопје, кои биле на малата трибина, која повеќе ја нема, под силно полициско обезедување.По фудбалското дерби сите се префрлиле на ракометното во спортската сала “Младост“ каде играа Пелистер и Вардар.-Беше напорен ден, тогаш правев и пренос од фудбалот, а се јавував и од ракометот, но тоа е кога си спортски новивар, мора да се биде на терен, а кога си со Пелистер, нема замор, туку беше уживање да се гледаат и коментираат овие настани, вели Миновски, кој додава:-Ги немам сега составите на екипите, бидејќи мојата книга за ракометот во Битола веќе е во печат, но според фотографиите кои ги приложувам, ќе забележите дека за Пелистер играа Златко Димитровски и Игор Николовски, а за Вардар Стевче Алушевски и Бранко Ангелевски.

More from СпортMore posts in Спорт »