Во организација на Општинскиот фудбалски сојуз Битола се одиграа редовните кола во општинските лиги.
По одиграни 24 коло од општинската “А“ лига, лидер на табелата е екипата на Стрела, која и по ова коло славеше победа, минимална со 1:0 над Победа.
Во “Б“ лигата лидер е екипата на Јенимаале по 14 кола, а во ова коло како домаќини на стадиот на Младост од Горно Оризари славеа победа.
Резултати во општинска “А“ лига, 23 коло:
Црна Река – Лисолај 4:1
Стрела – Победа 1:0
Партизан – Светлост 1:0
Кск – Буково 0:3
Космос – Карамани 4:0
Доск 3:0 Пелагонија Л
Новаци – Поешево 3:0
Олдбојс Чагор – одложена
Резултата во општинска “Б“ лига, 12 коло
Јенимаале – Младост ГО 1:0
Пелагонија БК – Напредок 1:2
Пелагонија Д – Пелагонија Т 3:0
Еленик спорт – Хајдук 1:1
Младост Д – Пелистер ТМ 7:2






