Започна асфалтирањето на ул.„Широка“ во Битола. Откако на оваа улица претходно беше комплетно променета водоводната и канализационата мрежа, следуваше поставувањето на тампонот, по што денес финално се постави асфалтната маса.
Увидна екипа од Општина Битола заедно со градоначалничката Наташа Петровска, разговараа со изведувачите за текот и динамиката на работењето, додека пак жителите од оваа улица изразија задоволство од комплетирањето на изгледот на улицата.
Улицата „Широка“ во Битола се асфалтира во должина од 500 метри, а паралелно при реконструкцијата на улицата, се поставуваше улично осветлување и се изработија тротоарите. Изведувач на градежните работи за ул. „Широка“ е фирмата „Ленди Груп“ од Скопје, а за асфалтирањето на улицата, Општина Битола издвои околу 3.300.000 денари.

Се асфалтира улица “Широка“
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)





