После 40 години јавното претпријатие “Стрежево“, денес за прв пат започна со испорака на технолошка вода за наводнување на земјоделски површини во село Лисолај.
За наводнување на овие земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880 метри во ров со пропратна хидромеханичка опрема, а инвестицијата е од сопствени извори на претпријатието во висина од околу 2 000 000 денари, а ќе се наводнуваат дополнителни околу 40 хектари плодна земјоделска површина.
-Реализизацијата на овој проект ќе резултира со голем бенефит за земјоделците кои како производители на разни земјоделски култури ќе имаат можност за планирање и зголемување на нивното производство, како и голем придонес во подобрувањето на квалитетот на земјоделските производи, вели директорот на ЈП “Стежево“, Менде Граматковски.
Јавното претпријатие Стрежево ќе го проширува системот за наводнување и понатаму се со цел ги опфати сите земјоделски површини кои не се под хидросистемот и да зафати опсег на сите ниви од Пелагонискиот регион.
-Во нареден период ќе биде испорачана вода во атарот на селата Породин, Секирани, Габалавци и во село Кукуречани. Испораката на стрежевската технолошка вода ќе биде и преку реката Шемница и Црна река до земјоделските површини на општините Могила и Новаци. Цел е технолошката вода да биде испорачана до секоја земјоделска површина од Пелагонија, рече Граматковски.






