Пред 77 години, на 3 мај беше разбиен првиот партизански одред „Пелистер“, при што во нерамна борба во Ореовската корија загинаа борците од првиот битолски партизански одред „Пелистер“.
По тој повод на плоштадот „Магнолија“ се одржа Свечена академија по повод разбивањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Учениците од 3-в одделение од основното училиште „Елпида Караманди“, со пригодна програма, го одбележаа овој датум од македонската историја.
Од плоштадот „Магнолија“, децата, заедно со својата наставничка, испратија порака дека мирот и слободата се најскапоценоите нешта кое човек ги поседува. Симболично, со песната „Гулаби бели“,во небото над “Магнолија“ се вивнаа неколку гулаби, за да го означат патот на слободата, кој ние денес го живееме, благодарјќи им на оние, кои ги положиле своите животи во име на нашиот мир и слобода.
Претходно на местото на настанот, во селото Ореово, каде животот го положија Ордан Михајлоски-Оцка од Прилеп, Елпида Караманди-Бисера од Битола, Јосиф Јорданоски-Јоска од Прилеп, Мара Јосифоска-Ѓурѓа од Прилеп, Димират Николовски-Таки Даскало од Битола и Димче Хаџипоповски од Битола, цвеќе положи градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, како и претставници на Сојузот на борци од Битола и од Прилеп.

Свечена академија по повод разбивањето на првиот партизански одред “Пелистер“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)





