На подрачјето на Општина Битола до 17 часот гласале 45,69 отсто од вкупниот број гласачи евидентирани во Единственот избирачки список.
Инаку, право на глас во Битола имаат 81.738 гласачи.
Се гласа на 169 избирачки места во Општина Битола, информира претедателот на ОИК Ѓуро Илиќ, кој додава уште еднаш дека утрово точно во 7 часот беа отворени гласачките места во Битола за вториот круг од претседателските избори 2019.






