Press "Enter" to skip to content

Денеска почнува рамазанскиот пост, што трае 29 дена, до 3 јуни

Муслиманските верници во балканските земји, како и држави од Југоисточна Азија – Индонезија и Малезија и поголем дел од Блискиот Исток, меѓу кои и Египет, Ирак и Саудиска Арабија од денеска го одбележуваат најважниот за Исламот месец на пости – Рамазан.

Денеска почнува рамазанскиот пост, што трае 29 дена, до 3 јуни.

Следниот ден, на 4 јуни тие ќе слават Рамазан Бајрам.

За време на Рамазан обврска е да се пости, и тоа се смета за еден од столбовите на исламот.

Се бара од верникот целосно воздржување од јадење и пиење и телесно задоволства од изгрејсонце до зајдисонце.

Се чита поинтензивно Коранот и молитви.

Исклучот од постот се дозволува за деца, стари лица, болни, бремени жени и тие кои патуваат, рече битолскиот Муфтија Амит Расимовски.

More from ВестиMore posts in Вести »