Press "Enter" to skip to content

Соопштение на РК Пелистер: прифатена оставката на Златко Димитровски

Тренерот Јосиф Петковиќ и неговите помошници ќе го водат натпреварот во среда, против Бутел во Скопје.

Ракометниот Клуб Пелистер А.Д. – Битола ја информира пошироката спортска јавност и
вљубеници во ракометната игра за раскинување на договорот за соработка и ангажман на позицијата Спортскиот Директор со битолската и македонска ракометна легенда Златко Димитровски, кој на свое барање си поднесе неодповиклива оставка на функцијата спортски директор на Ракометниот Клуб Пелистер А.Д. Битола, после неколку слаби резултати на сенироската машка екипа во плеј оф натпреварите од Машката Ракометна Супер Лига.

Со оглед на функцијата која ја извршуваше, покрај останатите задолженија беше директно задолжен и одговорен за изборот на стручен штаб и играчки кадар на сениорската екипа на Р.К. Пелистер А.Д. Битола, каде сите барања и исплата на плати на комплетниот ракометен колектив и тековни побарувања во целост се исплатени и реализирани од страна на У.О. на Р.К. Пелистер А.Д. Битола.

Р.К. Пелистер А.Д. – Битола искрено се заблагодарува за досегашниот ангажман на
Битолската и Македонска ракометна легенда Златко Димитровски во придонесот за подобра организација и успешно функционирање на Р.К. Пелистер А.Д. – Битола од возобновување на сите ракометни категории од почетници, пионери, кадети и младинци во комплетна функција, опременост и учество во сите категории од системот на наптреварување на РФМ, како и модернизација и функционалност на целиот ракометен колектив.

Во однос на стручниот штаб, тренерот Јосиф Петковиќ и неговите помошници ќе го водат натпреварот во Среда со Бутел во Скопје, поради веќе направениот избор на играчки кадар, поставениот концепт на игра и краткиот временски период до следниот натпревар.

Потоа ќе следува анализа на очекуваното и сработеното на стручниот штаб, за што УО на РК Пелистер Битола дополнително ќе донеси одлука и истата ќе биди проследена до јавноста.

Воедно, се заблагодаруваме на спортската јавност и навивачите во Битола за поддршката што ја имаме во изминатиот период.

Со спортски поздрав, УО на РК Пелистер АД Битола

Ракометен клуб Пелистер А.Д. – Битола

Генерален директор: Сашо Шамбевски

More from СпортMore posts in Спорт »