Press "Enter" to skip to content

Јошко Петровиќ поднесе оставка, ракометарите на Пелистер без тренер

По оставката на спортскиот директор на Пелистер, Златко Димитровски, по последниот пораз од Металург во Битола, екипата на Пелистер остана и без тренер, откако Јошко Петковиќ, си поднесе оставка.

Бордот на директори, оставката на српскиот стратег, ќе ја разгледа, најверојатно денес на состанокот заедно со оставката на Димитровски.

Најверојатно екипата на Пелистер, односно управата, ќе се одлучи за времено решение за нов тренер, кој ќе за заврши оваа сезона.

Петковиќ на клупата на Пелистер седна пред седум месеци, кога го наследи Томе Петрески.

More from СпортMore posts in Спорт »